На возраст од 106 години, денеска почина Сер Николас Винтон, кој за време на Втората светска војна им го спасил животот на 669 деца од нацистичките логори.
Винтон во 1938 и 1939 година во поранешна Чехословачка се грижел за сите формалности и организирал заминување со железнички транспорт во Велика Британија на еврејските деца.
Неговиот херојски чин бил откриен случајно од неговата сопруга кога за тоа нашла документи во таванот на нивната куќа.
Сер Винтон минатата година беше одликуван со највисок државен орден на Белиот лав од чешкиот претседател Милош Земан.
Во 1998 година, претседателот Вацлав Хавел му го додели орденот Томаш Гарик Масарик.
По повод смртта на британскиот државјанин сочувство изразија високите чешки политички претставници кои му изразија почит за неговата храброст и скромност.