(ВИДЕО) Од есен, децата во нова најсовремена градинка во Капиштец

Од:

Во новата современа градинка во Капиштец, децата ќе можат да се вселат на есен. Во посета на новиот објект, каде што е завршена карабината, денеска беше градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, со соработниците и советниците.

Старата, дотраена и нефункционална градинка Кочо Рацин, замина во историјата, а прв пат по цели 40 години во општина Центар, рече Жерновски, се гради нова.

„Ова е прва градинка во државата која се гради со општински пари. Ова е градинка со која ќе се гордееме. Во неа се вградени најсовремени материјали. Градинката ќе има енергетски ефикасна фасада со тројна термичка заштита. За прв пат во Македонија во образовна институција се поставува ваков кровен противпожарен панел кој издржува до 180 минути. Подовите се антиалергени, антибактериски и со вградено подно греење. Меѓу просториите ќе има звучна изолација. Ова ќе биде убедливо најубавата градинка во Република Македонија со критериуми и услови кои ги заслужуваат нашите деца“, рече Жерновски.

4

Кујната ќе биде современа, според ХАСАП стандардите, и ќе произведува 500 оброци дневно за децата од матичната градинка и двата клона.

Заложба на општина Центар е што повеќе зеленило и цвеќе, и затоа во дворот на оваа градинка ќе бидат засадени 40 нови дрвја.

Новиот објект е на бруто површина од 3.560 м2 и нето површина од 2.742 м2.

3

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски