ВИДЕО: Од денеска струјата по пониска цена

Од:

Цената на електричната енергија за тарифните потрошувачи од денеска се намалува за 0,33 проценти.

Одлуката вчера ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика, која во понеделниот одржа подготвителна седница на која ги разгледа извештаите од енергетските компании.

Претседателот на Регулаторната комисија Димитар Петров на прес-конференција истакна дека намалувањето се должи на намалените трошоци и на намалените приходи на компаниите.

Најголемо учество во крајната цена ќе има ЕЛЕМ 50,6 проценти, ЕВН 44,16  и МЕПСО 5,24 проценти.

Петров информира дека компаниите имале забелешки на методологијата за која најави дека се можни измени во следниот период.

– Според нив методологијата не ги признава сите вкупни трошоци кои ги имаат. Нормално ниту една методологија не ги признава сите трошоци, но се согласуваме како Комисија дека практичната примена на методологијата можеби треба да претрпи одредени измени кои ќе кореспондираат со нашите услови на пазарот на електрична енергија. Согласни сме во наредниот период да направиме одредени надоградби кои ќе овозможат правилна локација на вистинските трошоци на компаниите, рече Петров.

Сметките со новата намалена цена на струјата граѓаните ќе ги добијат во август.

Следната редовна корекција на цената на електричната енергија ќе биде во јули идната година. Цената во наредниот едногодишен период може да биде променета само доколку енергетските компании имаат зголемување или намалување на трошоците за повеќе од 5 отсто.

Би можело да ве интересира

Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата

Црногорците проговорија за регионалниот колапс на струјата: Ова не е забележано 30 години

Предраг Петровиќ

Бислимоски: Прекинот на струја во дел од регионот ја потврди неопходноста од инвестиции во енергетиката

Поради колапсот со струјата, во Сараево многу граѓани останаа заглавени во лифтовите

Експлозија на далновод во Црна Гора предизвика прекин на струја, потребни се хеликоптери за поправка

ВМРО-ДПМНЕ: Измените на Законот за Енергетика кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ ќе спречат поскапување на струјата за најголем дел од домаќинствата