Славното „Фиќо“ го прослави 60-годишниот јубилеј

Од:

„Фиќото“, „фичек„ или „фиќа“, најпопуларниот автомобил во втората половина на 20-от век во Југославија и единствен најистакнат симбол на општествениот развој од тоа време, почна да се произведува пред точно 60 години, а престана пред 30 години, пренесе Фена.

Иако првиот домашен „Фиат 600“ беше произведен на 18 октомври 1955 година, а на истиот датум и престана да се произведува во 1985 година, нетрпението натера стотици негови фанови, кои редовно годишно се собираат во Крагуевац, да дадат димензија на годишнината од неговото првично производство.

Таму се собраа голем број олдтајмери од сите поранешни републики, во дводневна манифестација на која учествуваа локалните власти и туристичката заедница.

На многу интернетски форуми и социјални мрежи постојано се разменуваат информации и резервни делови – анлансер, разводник, фелна, пиксна, пеперутка-стакло и други, па се стекнува впечаток дека „Фиќото“ и натаму живее.

За 30 години, поранешната фабрика за оружје во Крагуевац, исфрли 923.487 „Фиќа“ во сите девет модели. Но, заедно со матичната земја Италија, како и Аргентина, Австрија и Шпанија, кои, исто така, како и Југославија ја купија лиценцата, произведени се три пати повеќе „Фиат 600“, односно 2.695.197 примероци, се прецизира на форумот.

Во тоа време „Фиќото“ било третиот најпродаван автомобил во Европа, по „Буба“ и „Цитроен 2 CV“.

„Фиќото“ навистина беше масовна појава и дел од животот на милиони луѓе, но историчарите истакнуваат дека, всушност целиот негов век го следела двојна судбина. Купувањето на лиценцата од италијанскиот „Фиат“ бил прв комерцијален договор на една западна фирма и социјалистичка земја по Втората светска војна. „Фиќото“ тогаш бил резултат на спој на развиената италијанска технологија и југословенското самоуправно производство, чиј јаз никогаш не успеа да се надмине. Тоа е став на историчарот Марко Миљковиќ во хрватското научно списание „Народна уметност“.

Кога „Фиќото“ за првпат беше изложено на меѓународниот саем во Брно во 1961 година, посетителите отворено го исмејуваа поради лошата изработка, иако беше возило кое ги следеше технолошките трендови на Западна Европа, додека во источноевропските земји уште цела деценија произведуваа само технолошки застарени лимузини наменети за високите функционери.

Непривлечната црвено керамидова боја беше нанесена неизедначено, па ни повеќекратните полирања на саемот не помогнале, а десниот фар бил толку лошо монтиран што меѓу него и стаклото можело да се стави прст, пренесува Миљковиќ дел од депримирачкиот извештај на југословенскиот делегат од саемот во Брно.

Тоа е последица на големиот јаз меѓу општото ниво на техничко знаење во тогашното социјалистичко општество и потребата што ја бараше современата технологија. Кога фабриката „Црвена застава“ ја достигна технологијата, кон крајот на таа деценија, оригиналниот модел на „Фиат 600“ застаре и во Италија веќе престана да се произведува.

Ова возило верно ги отслика проблемите на целокупната тогашна југословенска индустрија, бидејќи на тој договор автомобилската индустрија, како една од најсовремените и најголеми индустриски гранки, била потпрена на многу други индустрии како машинската, металуршката, хемиската, текстилната и други, заклучува Миљковиќ.

„Фиќото“ имаше мотор со мала сила, а еднакво малку трошеше гориво. Имаше најповолна цена и лесно се оддржуваше. Просторот во кабината беше тесен, па тие на задното седиште мораа да се навалат, поради малиот багаж торбите се држеа во скут и речиси редовно внатре се надвикуваа од бучавата.

Иако речиси никогаш во него нешто не функционираше, остана во момеријата како возило кое никогаш не откажуваше. Го користеа многу служби, како итната помош, полицијата, војската и други. Многу со него имаа директно возачко искуство како со свој прв автомобил или преку авто-школите.

Толку ова возило им беше мило на сите што стана предмет на носталгија и метафора на уметнички трудови, но и народна меморија. Во самостојна Хрватска, една од најистакнатите јавни слики е таа на црвеното „фиќо“ од Осиек, кое во 1991 година спречи тенк на ЈНА, како Давид Голијат. Споменикот кој неодамна го доби токму го прикажува како некој што гази и победува тенкови.

Во загрепскиот Музеј на современа уметност во тек е изложба на белградскиот уметник Мрѓан Бајиќ на која „Фиќото“ е симбол кое работничката класа ја изнесива од историската сцена, или како што напиша Дарко Рундек една година пред смртта на „Фиќото“: – Работничката класа оди во рајот.

Тој ист Рундек во друга песна, која зборува за подготовки за одење на одмор на море, жали дека на крај сешто недостасува, бидејќи нашето „Фиќо“ е премало!

Но, дали е тоа точно, може секој да заклучи кога ќе го прочитате поетскиот потсетник што се имал намера да понесе на пат; дрвен јаглен, скара, три лежалки, чадор за сонце, пераи, маски, очила за сонце, карти, патики, термоси, Тарзан, Карл Мај, бадминтон, јапонки, топка, шунка, фото апарат и голем канистер со вино!

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ