Директор на „Стопанска банка АД Битола“ осомничен за злоупотреба на положбата

Од:

Шеесетгодишниот Д.М. од Битола, втор генерален директор на „Стопанска Банка АД Битола“, е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, со што, според полицијата, на банката ѝ нанал штета од речиси еден милион евра, јавува МЕТА.

Како што информираат од полицијата, осомничениот, во периодот од 2009 до 2010 година, како законски застапник и втор генерален директор на „Стопанска банка АД Битола“, не ги исполнил обврските од договорот, склучен меѓу фирмите „Металец конструкции“ и „Алпине бау ГМБХ“, каде банката била во својство на гарант, и наместо да ја активира гаранцијата за обештетување на банката, тој иницирал вонсудско решавање на спорот.

Според полицијата, тој, во меѓувреме, погрешно ги информирал членовите на управниот одбор на банката „при одобрување и склучување на новата девизна гаранција за извршување на работните активности, постапувајќи спротивно на Законот за трговски друштва“.

Со ова, според полицијата, тој на банката ѝ нанел штета во износ од 945.126 евра.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина