САД ја обновуваат помошта за армијата на Бахреин

Од:

Американскиот Стејт департмент соопшти дека САД ја обновуваат помошта за Бахреин, која беше стопирана по задушувањето на протестите во арапската земја во 2011 година.

– Сметаме дека состојбата со човековите права во Бахреин се уште не е на потребното ниво, но Владата постигна забележителен напредок во таа област, вклучувајќи и ослободување на политички затвореници, изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.

Тој истакна дека Бахреин е важен сојузник на САД во борбата против тероризмот.

Арапската земја учествува во меѓународната коалиција, која извршува воздушни напади врз групацијата Исламска држава во Сирија и во неа е базираната Петтата американска флота.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија