Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) соопшти денеска дека уништувањето на антиквитети и објекти од светско наследство во зони на конфликти, извршено од Исламска држава, може да е еднакво на воено злосторство.
Меѓународниот комитет на УНЕСКО за зачувување на културното наследство, на состанок во Бон, посочи во резолуција дека го зел предвид разурнувањето од ИД на древниот град Хатра во Ирак и изрази длабока загриженост во однос на сириското археолошко богатство Палмира, кој џихадистите го презедоа во мај.
И двата објекта се во списокот на светското наследство на организацијата со седиште во Париз.
– Намерните напади врз згради со религиозна, едукативна, културна, научна намена и историски споменици може да е еднакво на воено злосторство, се наведува во резолуцијата.