Без водоснабдување утре од 9 часот ќе останат корисниците на ул. „20-ти Октомври“ во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.
Прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф – 80 мм на таа улица.