Пијанистот Волфганг Мајнц гостува на Скопско лето

Од:

Германскиот пијанист Волфганг Мајнц од Нирнберг – Германија, вечер со почеток во 20:30 часот во Музејот на Град Скопје ќе одржи концерт во рамки на Скопско лето.

Тој пред публиката ќе изведе дела кои припаѓаат на германскиот и рускиот романтизам – музика од Шуман, Менделсон и Рахмањинов.

Волфганг Мајнц е роден 1960 година. Добитник е на многу престижни награди на меѓународни натпревари по пијано. Неговиот репертоар вклучува повеќе од педесет концерти со оркестри и екстензивна соло и камерна музичка програма кои се движат од Бах се до современа музика.

Во 80-тите години настапувал со познати оркестри и диригенти, особено со британските оркестри како што е оркестарот на англиската комора, Кралската филхармонија и Би-Би- Си симфонискиот оркестар. Настапувал на бројни турнеи низ културните центри во и надвор од Европа. Има објавено повеќе носачи на звук за еминентни издавачки компании со дела на Брамс, Шуберт, Шуман, Лист, Бетовен, Дебиси, Равел, Рахмањинов итн.

Заедно со својот колега Ролф Плаге основаат пијано дует и се добитници на многу награди за пијано дует.

Гостувањето на Мајнц на Скопско лето се реализира во соработка со Гете Институт.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022