АНАЛИЗА: Ќе запрат ли вработувања под државна капа!?

Од:

Додека Владата ја спроведува една од најмасовните операции за трајно вработување на повеќе од 3.500 лица под државна капа, и деновиве дели решенија во Битола, Охрид, Прилеп, Штип, Европската унија преку извештајот што еврокомесарот Јоханес Хан минатата недела му го достави на вицепремиерот Фатмир Бесими, бара итен мораториум на овој процес.

Во пакет со ова барање, ЕК посочува дека администрацијата мора да се преборои. Дел од надлежните министрства или се воздржани или пак велат дека се постапува во согласност со законите, но според економистите најважно е што пишува за ова проблематично прашање во предлог – планот на премиерот Гуревски што ќе биде на увид и оценка пред  ЕУ.
Мораториум на нови варботувања, пребројување на администрација..

Со наслов „Деполитизација на јавната администрацијата“, Европската комисија на адреса на владата испорача сериозни препораки поврзани со актуелната операција за  трајни вработувања во државниот и јавниот сектор. Во делот од извештајот, посветен на администрацијата, ЕУ нотира еколку забелешки и барања кои треба да се спроведат. Една од клчните е да се стави мораториум на сегашниот процес на трансформација на привремените во трајни вработувања, но и  пребројување на борјот на административци.

Во извештајот се наведува:

„Да се воведе мораториум на имплементацијата на Законот за трансформација од привремни позиции во постојани договори се додека принципот на заслуги не е целосно запазен во процесот на трансформација. Обезбедување на податоци за вкупниот број на вработени во јавните служби во сите државни министерства, агенции и други органи , поделени по сектори“, се нотира во извештајот.

Засега Министрството за финансии, кое ја спроведува постапката не излезе со став во однос на оваа препорака, но како и на кое ниво е третеирано ова прашање ќе открие предлог-планот на Владата кој ќе биде даден на увид на Европската Унија.

Инаку, првите решенија за трајно вработување беа потпишани кон крајот од минатиот месец, кога ресорниот министер Ставрески стави потпис 2.667 решенија. Тогаш министрот изјави дека мерката напредува солидно и дека на крајот од операцијата 3.500 луѓе  ќедобијат редовно вработување. Според планот на Владата, најголем број или 1 360 се од здравството, потоа социјалната заштита и детските градинки каде што трајно варботување ќе добијат околу 500 лица а во образванието 277 лица.

Што се однесува до второто барање за обезбедување на вкупната бројка на вработени под државна капа, македонската јавност се уште шпекулира со бројките, иако новите законски решенија поврзани со администрацијата наложуваат нејзино пребројување. Во отсуство на официјални показатели, според оценките на дел од бизнисмените и на економистите, бројот на јавни и државни службеници достигнува и до 160 000.

Според професорот Семи Бислими, потребно е да се даде одговор на неколку прашања, пред се дали ни е потребна ваква администрација, колку е ефикасна, колку е на број и на крајот дали сме способни да ја плаќаме. Според професорот,  бројот на административци се движи од 140 000 до 160 000, а просекот за земја како Македонија, изнесува од 60 000 до 70 000 илјади вработени.

„Ние сме сведоци дека во последени 20 години  трупаме администрација, таа се зголемува а во истиот период од тие 20 години не создадовме услови за зголемување на бројот на вработени во приватниот сектор.. Според одредени проценки во последните 6 години во државните јасли се вработени 40 000 луѓе, од нив 6 000 се албанци. Точно е дека треба да се почитува Рамковниот договор во однос на правичната застапеност, но мора да се запази и професионалноста, без разлика на националната припадност. Уверен сум дека и меѓу македонците и меѓу албанците, или било кој друг етникум, има професионалци, но прашање е како се стасува до работно место. Освен националниот клуч, тука е и партискиот“, изјави неодамна за „Порталб“ професорот Бислими.

Професионализација и транспарентност во вработувањата…

Освен мораториум на процесот на трансформација од привремени во трајни вработувања, Европската комисија испорача уште две барања поврзани со администрацијата.

„Ригорозно спроведување на новата законска рамка, Законот за административни службеници и Закон за вработените во јавниот сектор , целосно почитување на принципите на транспарентност , заслуги и правична застапеност.  Политиките за вработување треба да ги следат принципите на транспарентност , заслуги и правична застапеност во државната служба преку отворен повик. Не треба да има понатамошни вработувања доколку не се почитуваат правилата“, се наведува во извештајот.

Додека Владата уверува дека новите законски решенија за администрацијата ќе донесат професионализам и ќе ја зголемат ефикасноста, дел од експертите оценија дека овие закони ќе останат само „букви“ на хартија.  Платите се зголемуваат, се делат петки и единици за аминистративците – но бројката колку луѓе се вдомени во државниот и административниот апарт и натаму останува непозната, велат аналитичарите.

„Мислам дека премнoгу експериментираме со работи  што се  познати во светот. Сега правиме поделба државна и јавна администрација, носиме закони за зголемување на ефикасноста, а на крајот сепак останува да не мачи еден проблем а тоа е колку луѓе работат под капата на државата. Мене не ми е јасно како е можно во земја со 2 милиони жители да не може да се преброи бројот на административци. Сметам дека сега се нудат вакви законски решенија само поради еден факт, а тоа е да се стават во втор план проблемите што се важни, како невработеноста и економскиот раст“, објаснува универзитетскиот професор Сами Бислими.

Последните помасовни вработувања во државните јасли се спроведоа преку „Македонски шуми“ кога беа примени 1.600 лица. За дел од нив сеуште се бара работно место.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада