Канцеларијата на Светска банка во Македонија денеска ќе го презентира редовниот полугодишен извештај за ЈИЕ.
Ова е осмо издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во ЈИЕ – Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.
Извештајот е насловен „Скромен раст-разновидни ризици“, кој заклучува дека економиите на шесте земји од ЈИЕ се на патот на споро закрепнување по временските шокови кои го погодија регионот во средината на 2014 година.