Камерон: Евентуалниот излез од еврозоната можност за Грција да ги реши економските проблеми

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон во приватен разговор посочил дека евентуалниот излез на Грција од еврозоната може да биде добра шанса за Атина за да ги реши нејзините економски проблеми, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Весникот нагласува дека Камерон ова го изјавил во приватен разговор со колега од Европската унија, посветен на барањата за реформи во ЕУ.

– Во врска со Грција премиерот прашува дали е разумно од страна на Ангела Меркел да се согласи дискусијата со Атина да се води на ниво на премиери и смета дека за Грција можеби е подобро да ја напушти еврозоната, за да ја доведе во ред својата економија, иако признава дека тоа носи сериозни ризици, се наведува во работни белешки од разговорот, кои ги пренесува весникот.

Во Брисел денеска ќе се одржи нов вонреден состанок на Еврогрупата во уште еден обид за постигнување спогодба меѓу Грција и нејзините кредитори.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство