Дали девојчињата треба да носат горен дел од костим за капење?

Од:

На едно осумгодишно девојче од Канада сончевиот ден на базен и беше уништен, кога според зборовите на нејзините родители, јавно била посрамена поради неносење на горен дел од костим за капење.

Кога минатиот викенд осумгодишната Марли МекЛин со родителите пристигнала на базен во канадскиот град Гуелф, на брзина ја соблекла нејзината маица и со браќата потрчала кон базенот. Сепак, девојчето не влегло во водата затоа што пред тоа ја застанал спасувачот и и рекол дека мора да облече горен дел од костимот за капење.

Имено, според правилата на базенот, девојчињата постари од четири години мораат да ги носат двата дела од костимот.

За  родителите на Марлин ова правило носи повеќе штета отколку корист.

– Марлин  е набљудувана како сексуално битие, а во исто време е и посрамена заради нешто што таа и не може да разбере, затоа што е многу мала, изјави огорчениот татко Кори МекЛлин, додека неговата сопруга Аника додаде дека доколу е такво правилото сите деца би треало да бидат покриени од вратот надоле.

Сепа, менаџерката на градски паркови, Кристен Скот нема во план да ги промени правилата и тврди дека тоа е поради „безбедно и пријатно рекреативно искуство“ на сите посетители на базенот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска