Дачиќ: Србија сака да биде дел од ЕУ, но нема да се откаже од територијалната целост

Од:

Србија сака да стане полноправна членка на Европската унија, но не по цена да се откаже од својата територијална целост, изјави премиерот Ивица Дачиќ, цитиран од српските медиуми.

Никогаш нема да ја признаеме независноста на Косово и затоа на Брисел му препорачуваме да не не става пред дилемата „ЕУ или Косово“, затоа што не можеме да се откажеме од својата држава и од самите себе. Не сакаме, меѓутоа, да се откажеме и од ЕУ, рече Дачиќ.

Според Дачиќ, новата српска влада останува доследна на идејата за членство во ЕУ, бидејќи почетокот на преговорите за интеграција пред Србија ќе открие поголеми перспективи како во областа на економијата, така и во социјалната сфера.

Дачиќ додаде дека Србија ќе продолжи да го усогласува своето законодавство со европското и дека ЕУ ќе остане најважниот надворешнотрговски партнер на Србија.

Би можело да ве интересира

Почина српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ

Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

А1он

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад