Сите девет лица во малиот авион, кој се урна вчера во југоисточниот дел на Алјаска загинаа, соопшти американската полиција.
Спасувачките екипи успеаја да дојдат на местото на падот на авионот, но неповолното време и теренот не им дозволуваат да дојдат до телата на жртвите.
Авионот кој се урна е едномоторен ДеХевиленд ДХЦ-3 Отер. Леталото падна во близина на Кечикен. Со авионот патувале пилотот и осуммина туристи, кои тргнале на разгледување на фјордовите.