Работниците во фабриката за автомобили „Дачиа“ во Романија ќе бидат заменети со роботи, а тие што доброволно ќе дадат отказ ќе добијат од 10.000 до 100.000 леи (од 2.500 до 22.500 евра) отштета.
Француската компанија „Рено“, која од од 1998 година е сопственик на „Дачиа“, спроведува програма за доброволен отказ, бидејќи некои работни места ќе ги извршуваат роботи. Програмата е со цел за зголемување на степенот на автоматизација на производството.
„Рено“ планира автоматизацијата од пет проценти да порасне на 20 проценти во следните пет години.
Поради програмата за автоматизација илјада работници или седум проценти од вработените ќе ја напуштат фабриката.
Просечна плата на вработените во „Дачиа“ е 2.600 леи (околу 570 евра), што е висока плата за Романија, но е двапати помала од вработените во „Рено“ во Франција.Романските работници имаат плати како вработените во „Рено“ во Мароко, каде се произведуваат „Дачиа Лоџ“, „Сандеро“ и „Докер“.