Универзитетот Кембриџ бара лице која ќе го попoлни местото на Лего професор. Потенцијалните кандидати не мораат задолжително да знаат како се сложуваат Лего коцките, туку ќе водат нов истражувачки центар, фокусиран на врската меѓу децата и играта во учењето, развојот и образованието, пренесува Фена..
Центарот исто така, ќе истражува како неограничена игра може да го унапреди детското искуство во едукацијата.
Можност за работа се отвори откако Универзитетот доби 6,2 милиони долари во донација од ЛЕГО, кој сака да го направи животот на децата подобар, а заедниците посилни.