Холандски пратеник покажа карикатури на пророкот Мухамед на телевизија

Од:

Крајнодесничарскиот холандски пратеник Герт Вилдерс, кој е противник на исламот, покажа синоќа во термин предвиден за политички партии карикатури на пророкот Мухамед, истакнувајќи дека „слободата на говорот секогаш мора да надвладее над насилството и тероризмот“.

За време на двеминутниот спот се прикажани десетина карикатури, направени за време на натпреварот на карикатуристи во Тексас во мај. Двајца милитанти од Феникс тогаш сакаа да извршат напад во Тексас, но оти полицијата ги убила.

– Го правам ова бидејќи мора да покажеме дека ја браниме слободата на говорот и оти никогаш нема да потклекнеме пред насилството, рече Вилдерс.

Портпаролот на Советот на мароканските џамии во Холандија Аиса Занзен го оцени овој потег на Вилдерс како претстава насочена за добивање публицитет.

– Вилдерс се обидува да не провоцира, но ние го игнорираме, рече тој.

Советот претходно по повод најавата на Вилдерс дека ќе ги објави карикатурите, објави сопствена карикатура, исмејувајќи го холандскиот политичар.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина