Средба на Камерон со Меркел за рефирмите на ЕУ кои ги бара Велика Британија

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон попладнево во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, за да уште еднаш разговара околу британските барања за реформирање на ЕУ.

Оваа нова средба меѓу двајцата лидери е 24 часови пред утрешниот Самит на ЕУ во Брисел на кој, првпат ќе биде разгледано формалното барање на Велика Британија за промена на некои од одредбите на спогодбите кои ги регулираат односите во Унијата.

Камерон бара од Меркел и од другите во ЕУ да се одржат нови преговори меѓу Лондон и Брисел, пред британскиот референдум за останување или за напуштање на Унијата, што ќе се одржи до крајот на 2017 година.

При првата средба на почетокот од месецот, официјален Берлин изрази подготвеност да се преговара за британските барања и предлозоте што ги нуди Лондон, иако тогаш од германска стана беше речено дека не смее да се покренуваат правилата и прописите кои се темел на Унијата.

Другите земји членки, засега, јавно не реагираат, но ниту една нема дадено поддршка за британските барања.

Франција е единствената која не ја крие својата резервираност, приговарајќи му на Лондон дека ја третира ЕУ како „листа за јадење“ во ресторан, според принципот, ќе го земам она што го сакам, но не го прифакам другото, затоа што не ми одговара.

– Не може да се зборува дека Велика Британија ги користи сите позитивни аспекти од ЕУ, но не сака да ги дели ризиците со другите во Унијата, изјави денеска за радио Би-Би-Си францускиот министер за економија, Емануел Макрон.

Дејвид Камерон, формално, ќе престојува во Берлин, за да присуствува на свечениот банкет, во рамките на официјалната посета на британската кралица Елизабета Втора на Германија.

Кралицата се наоѓа во петта државничка посета на оваа земја откако во 1952 година дојде на британскиот престол. Заедно со кралицата Елизабета (89) во Гермнија се наоѓа и нејзиниот сопруг, принцот Филип (94).

Пред да допатува во Берлин, премиерот Камерон учествува во денешната „жешка“ дебата во Долниот дом на британскиот Парламент, одговарајќи на прашањата на опозицијата, меѓу другито и за владината европска политика.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство