Прекин на сообраќајот на „Митрополит Теодосиј Гологанов”

Од:

Градот Скопје соопшти дека во четврток, доколку дозволат условите, ќе се изведуваат градежни работи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов”, на потегот од крстосницата со улица „Франклин Рузвелт” до фабриката Алумина.

При изведување на градежните активноститем на наведената делница ќе има целосен прекин на сообраќајот од 09:00 до 20:00 часот, а истиот ќе биде пренасочен и тоа кон Ѓорче Петров по улица „Франклин Рузвелт”, булевар „Партизански одреди” и улица „Московска”, а во обратна насока кон Центар ќе биде пренасочен по улица „Московска”, по булевар „Партизански одреди” и улица „Франклин Рузвелт”.

Исто така, автобусите на јавниот градски превоз со број „5″ ќе ја користат претходно посочената траса.

Од Градот Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух