Приведени 25 танчерки во тетовско

Од:

Давесет и пет девојки од кои 24 српски и една македонска државјанка биле откриени при акциската контрола што во периодот од 23 часот до четири по полноќ утрово полицијата ја спроведе во два угостителски објекти во тетовско, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите информации во угостителскиот објект „Енерџи-клуб“ лоциран на регионалниот пат Тетово-Сараќино сопственост на тетовецот М.А.(33) биле затекнати 10 девојки, девет српски и една државјанка на Македонија. Слична контрола била спроведена и во угостителскиот објект „Ориентал АС“ во Жеровјане, сопственост на 25-годишниот А.А. од Боговиње од каде биле приведени 15 државјанки на Република Србија.

-Девојките на возраст од 21 до 45 години биле ангажирани како танчерки и поради сомение дека го злоупотребиле туристичкиот престој во нашата земја заедно со сопствениците на објектите биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово по што биле предадени за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, изјави Јосифовски.

Тој информираше дека и во гостиварско била спроведена ваква акциска контрола но во двата контролирани објекти „Експорт-импорт“ во Чегране и „Били 97“ во Добридол не биле затекнати странски државјанки.

Би можело да ве интересира

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

Јаневска: Има неколку сериозни наследени проблеми во врска со Студентскиот дом во Тетово

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија