СДСМ Прилеп: Прилепчани живеат во беда и сиромаштија

Од:

Денес, на 17 октомври-светскиот ден на борба против сиромаштијата, за жал можеме да констатираме дека со Марјан Ристески и ДПМНЕ, прилепчани живеат во беда и сиромаштија како никогаш досега. Ристески, во 8 години го прошета скоро цел свет, а не донесе ниту едно евро странски инвестиции, нема нови фабрики, нема нови работни места. Младите масовно бараат спас надвор од Прилеп, изјави Елена Ташкоска од СДСМ.

– Пред седум години ги излажавте прилепчани дека во слободната економска зона Алинци ќе донесете 37 нови фабрики со илјадници нови работни места. Градоначалниче, каде се? Алинци денес е празна како нива. Единствената мерка од вашата стратегија за борба со сиромаштијата е по разни основи да ги бришете луѓето од списокот на невработени во Агенцијата за вработување. Навистина трагично!

Повеќе од видеото

Би можело да ве интересира

Реакција од ВМРО – ДПМНЕ на соопштение на СДСМ

Петрушевски: СДС да се охрабри да ја признае својата сервилност кон ДУИ, и за тоа да се извини на граѓаните

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

СДСМ: Платите стагнираат, трошоците за живот растат – ДПМНЕ ги осиромашува граѓаните

(ВИДЕО) Демири: ДУИ треба конечно да излезe од националистичкот филм

СДСМ: Десетина милиони евра се извлечени од џебовите на народот од страна на големите трговци