Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во својот кабинет оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Кристине Д. Алтхаузер.
„На средбата присуствуваше и првиот човек на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Геролд Шварц.
На средбата, градоначалникот на општина Центар ги запозна со состојбите во општина Центар и разгледани се можностите за соработка со GIZ.
Жерновски и Алтхаузер разговараа за моменталната политичка криза во Македонија, како и за очекувањата од лидерската средба што ќе се одржи на 29-ти јуни.
На средбата се дискутираше и за заедничките очекувања и размислувања за исходот од преговорите помеѓу власта и опозицијата“, се вели во соопштението од Општина Центар.