УНИЦЕФ: Напредок во остварувањето на правата на децата во Македонија

Од:

Во Македонија во изминатите години е постигнат напредок во однос на остварувањето на правата, развојот и благосостојбата на децата, покажуваат податоците од Извештајот на УНИЦЕФ за напредокот на децата на глобално ниво.

– Процентот на деца кои умираат пред петтиот роденден е намален од 36 на 1.000 живородени во 1990 на 11.3 на 1.000 живородени во 2013. Процентот на деца под 5 годишна возраст кои имаат недоволна висина за нивната возраст е намален од 8 проценти во 1999 на 5 проценти во 2011 година, се забележува во Извештајот.

Во него се нотирани подобрувања и во сферата на образованието. Бројот на запишани момчиња во основно училиште е зголемен од 87 проценти во 1990 на 97 проценти во 2012 година. Исто така, процентот на запишани девојчиња во основно училиште е зголемен од 88 проценти во 1990 на 99 проценти во 2012.

Резултатите, прикажани во Извештајот на УНИЦЕФ за напредокот, на глобално ниво, но и за Македонија, укажуваат дека покрај значителните достигнувања, сепак има нееднаквости.

– Поверојатно е доенчињата од ромска националност да починат пред нивниот прв роденден во споредба со другите – стапката на смртност кај ромските доенчиња е 17.4 на 1.000 живородени во споредба со албанските од 11.9 и македонските од 8.4. Ромите е поверојатно да бидат пониски за нивната возраст од останатите деца – процентот на забавен раст кај ромските деца е 17 проценти во споредба со 5 проценти кај другото население, се посочува во извештајот.

Во него се додава дека многу помала е шансата децата на возраст од 36-59 месеци од најсиромашните домаќинства да посетуваат рано детско образование во споредба со децата од најбогатите домаќинства – 0.3 проценти кај најсиромашните во споредба со 56 проценти кај најбогатите.

– Исто така, десет пати е помала можноста децата Роми и децата Албанци да посетуваат рано детско образование во споредба со децата Македонци – кај Ромите 4 проценти кај Албанците 3 проценти во споредба со 37 проценти кај Македонците. Ромските девојчиња е многу поверојатно да се омажат на возраст помеѓу 15-19 во споредба со девојчињата Албанки и Македонки – детските бракови кај Ромите се застапени со 22 проценти во споредба со Албанците со 6 проценти и Македонците 2 проценти, стои во Извештајот на УНИЦЕФ.

За надминување на нееднаквостите и во Македонија и глобално според УНИЦЕФ потребни се доволно инвестиции кои се насочени кон најобесправените деца и заедници и се поддржани од посветени политички лидери, квалитетни податоци кои ќе овозможат да се идентификуваат најранливите деца и да се разберат предизвиците со кои се соочуваат во пристапот до услуги, посилни системи за здравствена заштита, образование и детска заштита и социјална заштита кои работат со оние кои имаат најголеми потреби…

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел