Дел од корисниците во неколку општини утре без струја

Од:

Дел од жителите од неколку скопски општини утре во одредени делови од денот ќе останат без елекетрична енергија, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

Според информациите добиени од ЕВН Македонија АД, во време од 08.30 до 14.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Љуботен ( општина Бутел), од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улица Востаничка ( општина Кисела Вода ), од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улица Црвена Скопска Општина, плоштад Карпошов (дуќани) кај црквата св. Димитрија, црквата, фонтаните и градилиштето за катната гаража (општина Центар).

Без струја во време од 12.00 до 15.00 часот, ќе бидат корисниците од улиците „Серска“ и „Чедомир Кантарџиев“ (општина Кисела Вода), а од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од Жито маркет, дел од ул. Будимпештанска и ул. Љуба Ѓорѓиева.(општина Карпош).

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја