УНИЦЕФ: 430.000 деца во Грција живеат под прагот на сиромаштија

Од:

Загрижувачки се сознанијата на УНИЦЕФ за животот на децата во Грција.

Над 430 илјади деца во Грција живеат под прагот на сиромаштијата, покажуваат податоците на УНИЦЕФ,кои ги  објави електронското издание на грчкиот весник „Етнос“.

Според УНИЦЕФ,  23 проценти од децата во земјата се соочуваат со недостиг на основни добра. Просекот во Европа е  околу 20,5 проценти, со што се забележува зголемување на сиромаштијата на децата во Европската унија, а особено во најголемите економии во еврозоната Франција и Германија.

Весникот истакнува дека зголемувањето на невработеноста и намалувањето на животниот стандард во изминатите две години сериозно ја влошува ситуацијата во земјата.Грција има најголем процент во еврозоната на сиромашни работоспособни граѓани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција