Сноуден награден од Здружението на новинари на Казахстан

Од:

Здружението на новинари на Казахстан денеска ги соопшти носителите на нивните наградите за 2015 година, а лауреат во категоријата „Новинско истражување“ е поранешниот соработник на американските тајни служби, Едвард Сноуден, пренесе ТАСС.

Сноуден е награден за „откривање на тајните податоци за тотално следење на информациските комуникации во цел свет од страна на тајните служби“, се вели во информацијата на новинарското здружение.

Едвард Сноуден, поранешен службеник на ЦИА и на американската
Агенција за национална безбедност, е обвинет од Вашингтон за шпионажа и кражба на државна сопственост.

Во јули 2013 година Стефан Свалфорс од шведската Кралска академија на науките бегалецот го предложи за нобелова награда за мир. Во август истата година „Дојче веле“ соопшти дека Сноуден ја доби наградата „Свиркач“ (Whistleblower-Preis), воведена во 1999 година, дополнува ТАСС.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска