5-10.000 амандмани подготвува ДУИ за Законот за бранители

Од:

Тешка и жешка седница на Законодавниот дом на 29-ти октомври.

На дневниот ред ќе се најдат редлог законот за бранителите , Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2012 година,  и интерпелацијата за работењето на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика поднесена од пратениците од опозицијата,

ВМРО-ДПМНЕ  го повлече Предлог-законот и го пушти  во скратена постапка. Ова беше со цел да се деблокира работата на Собранието, по маратонското дискутирање или молчење на  координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери, кое траеше месец дена.

Сега ВМРО-ДПМНЕ, која претходно го одби истиот предлог на СДСМ, ќе бара ограничување на дискусиите на комисиската расправа.

Според  ДУИ, албанскиот партнер во владејачката коалиција, овој закон не треба да биде донесен бидејќи е едностран и не ги опфаќа сите учесници во конфликтот во 2001 година. Поради тоа, тие, како што најави лидерот на партијата Али Ахмети во изјава во понеделникот, ќе ги искористат сите демократски механизми за да го спречат донесувањето на законот. Најавуваат дека готват од 5- 10.000  амандмани за да го онезвозможат носењето на ваков закон, во кој не се предвидени права и за припадниците на поранешната ОНА и нивните семејства.

Слична тактика ДУИ примени и во 2008 година, кога со куп амандмани, кои го преплавија Собранието, предизвика предвремени избори, поради блокадата на законодавниот дом

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште