Санирани нерамнините на автопатот „Александар Македонски“

Од:

На автопатот „Александар Македонски“ на потегот од Велес до Градско санирани се нерамнините на асфалтот кои претставуваа опасност за безбедноста на возилата.
Увид во градежните активности денеска изврши директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Александар Стојанов.

Инвестицијата е вредна 10,3 милиони денари, а за реализација на потфатот беше изработено техничко решение според кое на три локации во двата правци на автопатот се изврши гребење на постоечкиот асфалт до ниво на тампон.

– Беше извршена замена на тампонот по што следуваше асфалтирање со два слоја на носечки асфалт, завршен слој на асфалт и на крајот се постави хоризонтално обележување, информира јавното претпријатие за државни патишта.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава