Возачот на Мерцедес Нико Розберг победи на денешната трка за Големата награда на Австрија. Ова за него е трета победа оваа сезона. Германецот до победата стигна откако во првиот свиок го мина Луис Хамилтон и предноста ја зачува до самиот крај на трката.
Второто место му припадна на неговиот клупски колега Хамилтон, а трет заврши Фелипе Маса од Вилијамс. Себастијан Фетел од Ферари го освои четвртото место, додека Валтери Ботас од Вилијамс е петтопласиран.
Трката ја одбележа и сударот меѓу Кими Раиконен (Ферари) и Фернандо Алонсо (Мекларен), но и двајцата останаа неповредени со оштетувања на болидите.
Со денешниот триумф Розберг ја намали разликата во генералниот пласман во однос на Хамилтон на 10 бодови.
Генерален пласман: Хамилтон 169 бодови, Розберг 159, Фетел 120,…
Конструктори: Мерцедес 328, Ферари 192, Вилијамс 129,…
Следната трка се вози на 5.јули на патеката во Силверстоун за Големата награда на Велика Британија.