Шведска не планира да влезе во монетарната унија на ЕУ, затоа што не сака да ги покрива загубите на финансиските институции на други земји, изјави синоќа шведскиот премиер Фредерик Рајнфелд по средбата со германскиот канцелар Ангела Меркел.
„Шведска нема да ги покрива банкарските загуби на други земји. Кај нас имаше криза во 90-те години, но ние не молевме за помош и сами се грижевме за себе“, изјави Рајнфелд и додаде дека ќе се однесува позитивно кон потесната соработка во рамки на ЕУ.