ЖРК Вардар директно во групната фаза од Лигата на шампионите

Од:

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го објави списокот со тимови кои се пласирани во групната фаза како шампиони на своите земји и благодарение на својот рејтинг, како и списокот со тимови кои мора да играат квалификации за да влезат во елитното друштво.

Македонскиот првак ЖРК Вардар се наоѓа во списокот со 14 екипи кои директно одат во групите, а за останатите две места ќе се борат осум екипи на два квалификациски турнира.

Кои ќе бидат противниците на „црвено – црните“ ќе биде познато на 26 јуни кога ќе се одржи жрепката во Виена.

Екипи кои директно се најдоа во групната фаза: Вардар, Ференцварош, Будуќност, Ларвик, Митјиланд, Крим, ЦСМ Букурешт, Турингер, Ростов-Дон, Савехоф, Хипо, Подравка, Флери и Љублин.

Екипи кои ќе играат квалификации: Ѓер, Есбјерг, Белаз Минск, Серкодак, Раднички, Анкара, Гласверкет и Баиа Маре.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска