За шпанскиот возач во Формула 1 Фернандо Алонсо, уште и пред да почне утрешната трка за Големата награда на Австрија е речиси завршена.
Поради промените во моторот, според новите правила, Алонсо на кое место и да се квалификува, ќе започне од последната позиција.
– Ја жртвувам оваа трка. Ќе ја сфатам како тест. Не знам што повеќе може да се случи оваа сезона. Но, ние ќе излеземе посилни од секоја неволја. Како што рече и Рон Денис, ова не е проект за една сезона. Го знаев тоа когавдојдов во Мекларен Хонда, изјави Алонсо.
Неговиот болид не го издржа последниот тренинг на патеката „Ред Бул ринг“, па во тимот одлучија да направат промени во моторот.
Шпанецот сеуште чека на првите бодови оваа сезона.