Постои опасност исламистите од Авганистан да преминат и во други држави во регионот

Од:

Би-Би-Си – Програма на руски јазик – Лондон 

Безбедноста на Авганистан, зајакнување на гранците и оперативната воена помош во случај на вооружен пробив на границата од Авганистан, беа во центарот на дискусите во Душанбе, каде на 4 јуни заседаваа министрите за одбрана од земјите во Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ).

– Русија и државите од централна Азија треба да му помогнат на Авганистан на военотехничкии и финансиски план, со цел борба против нелегалните вооружени формации за кои се тврди дека се дефинитивно активни во авганистанскиот Бадахшан, изјави за руската редакција на Би-Би-Си, Рахим Афгани од вооруженото крило во антиталибанската Коалиција на народите од Белуџистан и Багахшан.

Според него, ако екстремисти од Авганистан ги пробијат границите на Таџикистан, Узбекистан и Туркменистан, властите во тие држави ќе ја изгубат контролата над ситуацијата – со катастрофални последици.

– Ги повикуваме властите на Русија и цетралноазиските држави да му помогнат на Кабул. Неделувањето може да има најболни последици за Москва и за целот централноазиски регион, посочи Сардар Фазал Рахим Авгани, општествен деец и претставник на арапските племиња од Авганистан. – Во Авганистан се води војна, секој ден трпиме загуби. За жал, многумина се уште ја потценуваат сериозноста на ситуацијата, додава тој.

Запрашан да одоговори кои групации војуваат денес во северен Авганистан против владините војски, тој одговори: „Многубројни се и вклучуваат различни сили“.

Во редица окрузи во авганистанската провинција Бадахшан, продолжуваат воените дејствија до границата со Таџикистан. Според очевидци, таму често се слушаат пукотници од другата страна на границата, а се гледаат и војници – учесници во битките.

Десетици групации

– Ситуацијата во Авганистан бележи стабилна тенденција кон заострување. Се се развива покрај самите граници на државите од ОДКБ, што се одразува на регионалната безбедност. Таџикистан меѓу своите приоритетни задачи го постави продлабочување на соработката со Русија, изјави таџикистанскиот министер за одбрана, Шерали Мирзо.

Во мај, во оваа држава се одржаа големи воени маневри на оперативните сили од државите членки на ОДКБ, кои вежбаа општи дејства при евентуален вооружен прбив на таџикистанско-авганистанската граница.

Службите за безбедност на Авганистан потврдија дека во северните реони на Бадахшан, кои се делумно освоени од бунтовничките сили, освен талибанци се кријат уште десетици вооружени групации. Меѓу нив има и џихадисти кои ги формирале луѓе од поранешните советски републики во централна Азија, како Исламкото движење на Узбекистан, Ансурулох, Џамаат таблиг…

Освен тоа, авганистанските тајни служби соопштија дека во северните реони на земјата се појавлие ограноци на Исламската држава – тие се наоѓаат покрај границата со Туркменистан и се поактивно дејствуваат близу до узбекистанската граница.

Помош за одбрана на границата

Таџикистанско-авганистанската граница е долга близу 1.350 километри и на многу места минува преку тешко проодни планински територии, што многу ја отежнува граничната одбрана.

Во 2013 година, членките на ОДКБ донесоа одлука да понудат техничка помош за таџикистанските граничари. Но, во април Душанбе објави дека нештата не одат како што треба и дека се потребни поактивни мерки – достава на оружје, специјални транспортни средства и помош за зајакнување на граничните пунктови.

Во случај на вооружена агресија во земјата, ќе бидат испратени војски за брзо реагирање на ОДКБ, а исто така и војници од 201-вата руска воена база со гарнизони во Душанбе, Курган-Тјубе и Кулјаб.

Но, не беше разгледувано прашањето за зголемување на групата на руски воени советници, вклучувајќи и граничари од Федералната служба за безбедност, ниту пак за враќање на руските граничари долж таџикистанско-авганистанската граница која беше обезбедувана со нивна помош до 2005 година. Москва повеќе пати изјавувала подготвеност повторно таму да ги испрати.

Душанбе објави дека може самостојно да ја контролира целата гранична линија, но има потреба од военотехничка помош, која Русија сака да ја достави.

– Состојбата е многу тешка. Според наши информации, нелегални вооружени групации кои денес својуваат во авганистански Бадахшан, засега не се подготвуваат да ја минат таџикистанската граница. Но ние сме подготвени да одбиеме евентуална воена агресија, истакна Фаридун Махмадалиев, началник на прес-службата при Министерството за одбрана на Таџикистан.

Талибанците, ИД и опиумот

Ситуацијата во Авганистан многу ќе зависи од тоа дали талибанското движење ќе ги поддржи ограноците на Исламска држава и дали тие ќе бидат раширени во земји кои се контролирани од талибанците, изјавуваат експерти.

– Тоа се групации со различни цели и задачи. ИД е глобалниот џихад, целта им е да изградат калифат во целиот муслимански свет, додека талибанците се полокална организација – тие веќе долги години се поставени во Авганистан и Пакистан. За сето тоа време, тие таму си создале врски, политички лобија, имаат свои бизниси, мафии, а и семејства. Многу од нив водат мирен жввот и не сакаат никакви промени. Не сакаат да им се разруши системот и да го отстапат на Арапите, рече во интервју за Би-Би-Си, Ахмед Рашид, познат пакистански новинар и автор на бестселерот „Талибанци: воинствениот ислам, нафтата и фундаментализмот во централна Азија.“.

Според Рашид, ако авганистанските и пакистанските власти постигнат успех во преговорите, тие ќе бидат протерани од централен Авганистан и Пакистан прво во севрените авганисттански реони, а потоа можат да си пробијат пат кон централна Азија.

Афганисанкото Министерство за борба против наркотиците соопшти дека мафијашки и терористички групации годишно заработуваат по 70 милијарди долари од нарко трговијата во Авганистан. Близу две милијарди од таа сума добиваат талибанците, велат претставници од офоцијален Кабул.

Претходно, Виктор Иванов, шеф на руската федерална агенција за контрола на наркотиците, го нарече нелегалниот шверц со наркотици од Авганистан финансиска база за екстремистичката организација Исламска држава.

– ИД се финансира токму од авганистанските наркотици. Активизирањето на ИД ќе ги зголеми и активностите на шверцерските превози по северната маршрута. Значи ќе се зголеми наркотрафикот кон Русија, прогнозира Иванов.

Тој додаде дека за Русија состојбата уште повеќе се влушува откако на сила стапи доогворот за Евроазиски економски сојуз – заради него државата не може да ги контролира на границите стоките кои доаѓаат од странските партнери.

Според податоци од ОН, Авганистан произведува над 80 отсто од сите опијати во светот. Во 2014 година, проценките за опиумската реколта во Авганистан се движеа околу 6,4 илјади тони.

Експертите истакнуваат дека додека не бидат решени економските проблеми, авганситанските фармери се уште ќе сеат опиумски афион. Од 2001 година, САД потрошија над седум милијарди долари за борба против производството на наркотици во таа земја, но сите напори за уништување на афионските насади остануваат без видлив резултат.

Би можело да ве интересира

Нападната база во Кабул: Има мртви

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица