Кронер цајтунг: Хрватска е во долгови – се заканува ли нова Грција во ЕУ

Од:

Најмладата членка на Европската унија, Хрватска покрај Грција, е најголем повод за загриженост во Унијата, оценува виенски Кронер цајтунг.

Весникот наведува дека Хрватска е задолжена околу 90 отсто од БДП и оти во таа држава бирократијата и судството го прават животот на фирмите и инвеститорите многу тежок.

Кронер цајтунг вели дека стапката на невработеност е 20 отсто, Хрватска има најниска стапка на апсолвенти на факултети во Европа и веќе шеста година е во рецесија, што во ЕУ и „успеа“ само на Грција.

Загриженоста на ЕК е оправдана, оценува весникот и додава дека се неопходни реформи, но кои не може да се очекуваат од актуелната влада поради парламентарните избори што треба да се одржат најдоцна во јануари.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи