Полицијата спречи поголем инцидент

Од:

Вечерва по фудбалскиот натпревар Македонија – Србија е спречен поголем инцидент.

Порталб, портал на албански јазик, објави дека полицијата успеала да спречи поголем инцидент, вечерва околу 23:30 на плоштадот кај споменикот на Скендербег.

Како што пишува порталот, поголема група српски навивачи се обидела да се пресмета со локални граѓани од албанска националност. Летале камења и шишиња.

Нема повредени, а  полицијата реагирала брзо и спречила инцидентот да ескалира.

И на социјалните мрежи се појавија информации. Граѓани сведочат за инцидентот, со укажување дека било опасно и страшно.

Фото: Макфакс

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип