Цената на нафтата порасна во четвртокот на светските берзи, поттикната од послабиот долар, со што „црното злато“ поевтини за имателите на останати валути, а поддршка на цената пружија и надежите за решавање на грчката должничка криза.
Барел сирова нафта на лондонската берза поскапе за 1,02 долари во однос на претходното затворање, накратко достигнувајќи 64,89 долари, по што со барелот се тргува по 64,75 долари. На американската берза цената на нафтата порасна за 70 центи, на 60,62 долари.
Доларот денеска ослабна 0,5 отсто кон кошничката валути, спуштајќи се накратко на најниско ниво за месец дена, откако пораките од редовната месечна седница на американсакта централна банка Фед ги разочараа инвеститорите кои посакуваа појасен сигнал за тоа кога ќе бидат кренати каматните стапки.
„Слабеењето на доларот го заживеа падот на цената на нафтата“, кратко протолкува аналитичарот Даниел Анг, од копанијата Phillip Futures.
Во фокусот на берзите денеска беше грчката криза, при што берзанските актери се надеваат дека Атина и кредиторите сепак ќе постигнат договор за да се избегне потенцијално излегување на државата од еврозоната. Во фокусот на инвеститорите ќе биде состанокот на министртите за финансии на еврозоната во Луксембург, кој е можеби последна можност за политички спас на Грција, откако пропаднаа сите преговори.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека договорот сеуште е можен.
Најновите податоци на американската влада за залихите покажувааат дека залихите на бензин во минатата недела се зголемени за 460 илјади барели, спротивно на очекувањата за нивно намалување, па цената накратко се намали на почетокот на денешното тргување.
Побарувачката за бензин на северната земјина полутопка беше исклучително силна во последните месеци па маржите кои рафинериските компании ги остваруват во производството на моторни година од сирова нафта достигнаа највисоко ниво за последните десет години. Тоа се некои од причините по оценка на аналитичарите зашто цената на нафтата е висока и покрај големите вишоци во многу делови на светот и осетното натфрлање на квотата во производството во одделни клучни членки на OPEC.
Дополнителна поддршка на цената на нафтата денеска пружи и неизвесноста во врска со судирите на Блискиот исток што би можело да влијае на испораките на сирова нафта од овој регион.
Одделно OPEC објави дека цената на барел референтна кошничка негова нафта во средата изнесувала 60,27 долари, што значи дека остана речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.