Село Манастирец без вода поради лизгање на земјиште

Од:

Нема вода за пиење во селото Манастирец росоманско поради лизгање на земјиште во местото „Турски рид”, при што е оштетен цевковод во должина од 300 метри, информираше денеска Стојанче Лазов, градоначалник на општина Росоман.

– Лизгањето на земјиштето помеѓу росоманските села Манастирец и Рибарци дојде како последица на обилните дождови во изминатиот период. Сокршени се дел од цевките од цевководот, појасни градначалникот.

Тој соопшти дека во тек е постапка за јавна набавка од итен карактер со која се обезбедуваат црева за водоводот со кој се носи вода за пиење.

– Цревата се веќе порачани, од страна на јавното претпријатие „Комуналец” од нашата општина се работи на ископ на терен и очекувам до крајот на оваа седмица проблемот да биде надминат,нагласи Лазов.

До санирање на дефектот манастирчани со вода за пиење се снабдуваат од селската чешма, а за други потреби на располагање им е технолошката вода од хидромелиоративниот систем „Тиквеш”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат

Тошковски: Водата во Гостивар сè уште не е за пиење, испитувањата ќе бидат почести

Унгарија прогласи вонредна состојба поради сериозен недостиг на вода

Епидемијата стивнува: Во Гостивар регистрирани само 71 новопрегледан пациент

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира