Претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум, изјави денеска дека министрите за финансии од еврозоната остануваат против отпишување на грчкиот долг, варијанта разгледана од Меѓународниот монетарен фонд.
– Бидејќи во принцип се спротивставуваме на отпишување на долгот, помотивирани сме да се придржуваме кон рамката, усогласена од Еврогрупата, рече Дејселблум, кој е и министер за финансии на Холандија, пред комисијата за финансии во холандскиот Парламент.