БЕСА: Претставниците на ДУИ се инкриминирани, корумпирани и нелегитимни

Од:

„По вчерашното објавување на прислушкувањата, од кои стана јасно кои биле „големите работи“, со кои се занимаваат претставниците на Демократската унија за интеграција, од нејзиниот претседател па се до урбаната мафија од Чаир, Движењето БЕСА уште еднаш констатира дека ова не е нешто посебно, туку само се потврдува нашето уверување дека од претседателот на таа партија, па се до тие кои „убиваат со калашников“ и „пцујат албански мајки“ од Чаир, претставниците на ДУИ се инкриминирани, корумпирани, уценувани и неуспешни, до таа мера што без срам и сами прифаќаат дека станале „покаури од каурите“, велат од БЕСА.

„Освен ова, претставниците на ДУИ им должат на Албанците одговор на следните прашања:

  • Али Ахмети треба да им објасни на Албанците кои се тие „големи работи“, со кои се занимава тој, освен продажба на парцели со Бекир Асани;
  • Дали Али Ахмети е подготвен да сруши едно албанско село само за задоволство на Груевски;
  • Али Ахмети и Муса Џафери треба да им објаснат на Албанците зошто било толку незначајно Министерството за одбрана и која е таа логика што мисли дека образованието е неважно за Албанците;
  • Ако го сметаат Артан Груби за таков каков што сами го опишуваат, Али Ахмети и Муса Џафери треба да објаснат дали го држат за тоа што тој е таков или пак имаат некоја друга причина, досега непозната за јавноста;
  • Али Ахмети треба да објасни како се монтираат тендери на економската зона во Полог, која е опустошена;
  • Ако за неуривање на еден објект би му плаќале на Сашо Мијалков 100.000 евра, Али Ахмети треба да објасни по колку им плаќале на Шефот за други случаи;
  • Али Ахмети треба да ни објасни зошто не измамил дека не знае македонски јазик, бидејќи вчера се виде дека и не е толку слаб – иако не знае што е „именден“, сепак едвај асоцираше со „Имер“;
  • Али Ахмети и Муса Џафери треба да објаснат дали Рамиз Мерко еволуирал или уште е на нивото во кое тие го опишуваат;
  • Али Ахмети треба да објасни дали останал уште некој активист од ДУИ кој не предава во Државниот универзитет во Тетово;
  • Муса Џафери, преку својот личен пример, треба да објасни како Албанецот станува „покаур од каурите“;
  • Фатмир Бесими треба да им објасни на Албанците која била „големата албанска мисија“ во средбата со бившиот српски претседател Тадиќ.

 

После ова, може да заклучиме дека од вчера овие лица во никој случај не можат да бидат само политичари. Тие можат да бидат успешни бизнисмени, иако несовесни, можат да бидат лобисти за српската кауза, можат да бидат и „покаури од каурите“, ама во никој начин не можат да бидат повеќе политички претставници на Албанците.

Тоа што го тврдевме и порано, денес се потврди – со вакви досиеја во рацете на Мијалков, а сега и во рацете на Заев, тие не можат да бидат никакви претставници на Албанците во било какви преговори, како што се и тие во Брисел.

На овој начин уште еднаш се потврди каде е изворот на сите неуспеси на албанската партија на власт. Одговорот е во прислушкуваните материјали кои им висат над глава.

Затоа, Движењето БЕСА го информира комесарот Хан, но и целата меѓународна јавност, дека политичарите од ваков калибар, како и тие кои им служат на Шефот „до смрт“, во никој случај не можат веќе да се сметаат за претставници на Албанците и секоја одлука кој ќе се донесе од нивна страна, ќе биде неприфатлива за Албанците затоа што е постигната под уцена на овие прислушкувани материјали било од страна на Груевски или Заев.

Од вчера Албанците во Македонија не се претставени ниту во Владата ниту во Собранието на Р. Македонија, а, следствено, ни во преговорите во Брисел.

Движењето БЕСА не само што нема да ги признае таквите одлуки, но – уверена во овие тврдења – ќе се бори со сите политички средства, било и да организира протести, како што беше протестот на 13 Јуни, а во првиот момент кога ќе има политички мандат, ќе бара и ревидирање на тие одлуки“, се вели во соопштението на БЕСА.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски