Младата фудбалска репрезентација на Србија не успеа да се пласира на Европското првенство, бидејќи во Крушевац изгуби со 1:0 од англиската репрезентација.
По завршетокот на натпреварот настана општа тепачка во која се вклучија сите нетпреварувачи.
Се туркаа, па се тепаа, а во општиот хаос се замеша и селекторот на англичаните, Стјуарт Пирс.
Црвен картон за инцидентот заработи левиот бек на англиската репрезентација, Дени Роуз.