СДСМ ќе продолжи со објавувањето на “бомбите“ и за ДУИ но и за други теми се додека не се добие потребната преодна влада, рече претседателот на партијата, Зоран Заев. Тој повтори дека доколку не се постигне договор до крајот на месецот, не гледа причина да продолжи со преговорите.
– Нашите принципи и врзување со термини се разбирливи-мораме да изградиме институции на нормалност, демократија, нивно функционирање , за да може сите да ја осигураме слободната волја на избори. Треба проверка на избирачкиот список, ама не само од страна на Груевски, треба да се отвори избирачкиот закон, дали ќе отвори нови процеси за иднината и демократијата, да се реши за гласањето на дијаспората, за изборните едниници. Кој тоа ќе го гарантира, оваа иста влада? Ќе му веруваме на Груевски?
Ова не е ултиматум, во преговори не се влегува со ултиматуми, но преговорите имаат смисла ако ја дадат конечната цел за која сме седнале да раговараме, рече Заев.
Ако погледнте во агендите на европските комисии ќе видите дека има многу важни состноци. Согласно тоа ги дефиниравме кратките рокови, 25 и 26 јуни е Советот на Европа, убаво е до тогаш да има резултати, ако не, да не се мачиме повеќе. Доколк нема договор, повторно ќе се насочиме на мирни и ненасилни механизми кои ни стојат на располагање, рече Заев.
Тој повтори дека очекува повторно средба во текот на неделава, а на прашањето дали заменикот секретар на Стејт
Департментот Викторија Нуланд ќе се вклучи во преговорите рече:
-Taa доаѓа во регионот, во посета договорена од пред повеќе од еден месец . Не ја исклучуваме можноста ако има добра намера да се вклучи во процесот, иако кажав дека во следните десет дена да се обидеме, ако не, нема што да се мачиме повеќе, рече Заев.