Грчкиот претседател Карoлос Папуљас изрази незадоволство поради затајувањето данок и префрлањето на капиталот во странство во услови кога Грција ја преживува најтешката криза во својата историја.
– Недозволено е едни да избегнуваат даноци, а други да ги плаќаат… Не можеме целата криза да ја натовариме врз работниците. Има и господа кои ги изнесоа парите и го купија половина Лондон…, истакна Папуљас на средба со раководството на Генералната конфедерација на грчките работници (ГСЕЕ).
Тој нагласи дека на секоја средба со германската канцеларка Ангела Меркел и го повторувал истото мислење дека „доколку сакаат уште мерки за штедење да си најдат друг народ“. Но, кога таа ќе го прашала „што прават богатите Грци?“, тој одговарал дека „секој помага од патриотски побуди“.