Хрватски калуѓер побегна во странство со 1,7 милиони долари

Од:

Католичката црква во Хрватска денеска потврди дека францисканскиот калуѓер Шиме Нимац незаконски продал црковен имот и избегал со добиените 9,8 милиони куни (1,7 милиона долари), пренесоа германските медиуми.

Сакаме да ги прекинеме шпекулациите во медиумите за овој случај и да го заштитиме авторитетот на Францисканската провинција Пресвети спасител, изјави Сплитската архиепископија во соопштение, објавено на нејзиниот сајт.

Во соопштението се прецизира дека калуѓерот Нимац, без да биде ополномоштен, продал 43.000 квадратни метри црковна земја во Башка вода, во западна Хрватска, и ги присвоил парите од продажбата.

Францисканската провинција преземала активности за поништување на продажбата.

Архиепископијата изрази жалење и се извини за „оправданото згрозување на јавноста од ненаситниот егоизам на одделна индивидуа“.

Хрватските медиуми соопштија дека 34-годишниот монах пред две недели отпатувал од Хрватска со скап автомобил и со жена до него.

И полицијата, и црквата го бараат Нимац.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка