Кацин: Хрватското членство во ЕУ би можело да биде одложено

Од:

Известувачот на Европскиот парламент Јелко Кацин најави дека влезот на Хрватска во ЕУ, кој е планиран за 1 јули 2013 година, би можел да биде одложен за до крајот на следната година, па дури и за подоцна.

Тој истакна дека сепак без разлика на тоа, од 1 јануари следната година стапува во сила поинаков трговски режим, што посебно ќе се однесува на БиХ.

„Поради приближувањето или евентуалното членство на Хрватска во ЕУ, на 1 јануари 2013 година стапува во сила поинаков трговски режим. Тоа ќе доведе до големи промени во продажбата на земјоделските производи, односно производи за домашниот пазар во БиХ. Мислам дека тоа е алтернативна порака на која би требало веднаш да се реагира“, истакна Кацин.

Претседателот на Долниот дом на германскиот Бундестаг Норберт Ламерт од своја страна изјави дека Хрватска не е подготвена да се приклучи во ЕУ и дека политиката на проширување ќе биде одложена. Тој нагласи дека по лошите искуства со членството на Бугарија и Романија, не верува дека Хрватска е подготвена да стане членка на Унијата.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

Земјотрес ја погоди Хрватска

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска