Во Велика Британија покрената петиција против дупчење на ушите на бебињата

Од:

Иако во Македонија дупчењето уши на малите бебиња е вообичаено, мислењата на таа тема и натаму се поделени, а во Велика Британија дури е покрената петиција да се одреди на која возраст е дозволено да децата да им се дупчат ушите.

Оваа петиција е покрената од Сузан Инграм, која смета дека дупчењето уши кај малите бебиња е вид на насилство врз децата.

– Бебињата чувствуваат болка и страв без потреба. Единствена цел е да се задоволи желбата на родителите. Други форми на насилство врз децата се забранети, не гледам зошто за ова би било поинаку, напиша Сузан со образложение зошто нејзината петиција е важна.

Засега оваа петиција е покрената во Велика Британија со повеќе од 33.000 потписи, а кога ќе бидат собрани 35.000 потписи ќе биде доставена до министерот Едвард Тимпсон.

По образоложението на петицијата, оставени се различни коментари на родители, а некои од нив се: „Децата би требало да одлучат за тоа дали сакаат да ги дупчат ушите, а не родителите“, „Заштитите ги децата од родителските глупости“…

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство