Со извици против лидерот на ДУИ, Али Ахмети и со пароли со кои побараа оставки во владината коалиција на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, илјадници албански граѓани се доближија до сцената на мостот „Гоце Делчев“ пред Владата на денешниот марш организиран од 45 политички и невладини субјекти.
Граѓаните Албанци со парола порачаа да не се етикетираат како шиптари носејќи го со себе транспарентот „Don’t you Шиптар me“.
На мостот пред Владата се пееше албанската химна и се вееше знамето со двоглав орел.Меѓу демонстрантите кои се приклучија на маршот имаше познати интелекталци, студенти, активисти. Освен оставки на Груевски и Ахмети, се побара расветлување на сите вистини за Албанците, како тие за Монструм и Сопот, а беше побаран и нов договор за Македонија.