Папата Франциск подготвен за менување на датата за заедничко славење на Велигден

Од:

Римокатоличката црква може да го ревидира начинот на пресметување на датумот на празнувањето на Велигден, за сите христијани да го прославуваат Христовото Воскресение во еден ден, рекол папата Франциск, пренесуваат во саботата агенциите.

Според папата, Римокатоличката црква е подготвена да го разгледува прашањето за заеднички датум на Велигден кој би се одбележувал „во Рим, Константинопол и Москва“. „Се среќаваат католик и православен, и се прашуваат ‘твојот Христос уште не воскреснал? Мојот пред една недела“, го цитира папата Франциск дневниот весник Corriere della Sera.

„Мораме да се договориме“, околу прославата на исти ден, рекол папата Франциск, предложувајќи тоа да биде втората или третата недела во април.

Римокатоличката црква го пресметува денот на Велигден врз основата на првата полна месечина по рамноденицата во март, додека кај православните цркви пресметката е посложена. Како по правило, разликата меѓу католичкиот и православниот Велигден e една седмица, но некогаш може да се оддолжи до еден месец, а понекогаш и се совпаѓаат.

Коптскиот патријарх Камал Фахим Авад во интервјуто за италијанскиот весник La Stampa го поздрави предлогот на папата. „Тоа би било фантастично. Многу верници не сфаќаат како е можно Исус Христос по различни цркви воскреснал на различни датуми, некогаш една седмица, а некогаш и месец подоцна“, додава.

Според Corriere della Seraт, како возможен единствен датум за сите христијани треба да биде третата недела во април. Идејата за обединување на датумот на Велигден и порано беше напомнувана од папата Франциск, а подготвеноста за промена на календарот во Римокатоличката црква се појави и во времето на понтификатот на папата Павле Шести, од 1963 до 1978 година.

Прашањето за единствен датум на Велигден, според некои кругови во православните цркви, може да биде тема којашто ќе се разгледува на Вселенскиот (сеправославниот) собор кој ќе се одржи следната 2016 година. Таа година католиците Велигден ќе го прослават на 5-ти, а православните на 12-ти април.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска