Скопјанец преживеал удар од воз и се наоѓа на лекување во Ургентниот центар во Скопје. Во понеделник околу пладне, било пријавено дека во атар на село Никиштани – скопско, на левата страна од железничката пругата лежело непознато лице.
Откако на терен излегла полицијата, утврдила дека се работи за 69-годишниот С.Љ. од Скопје, кој изјавил дека го удрил воз.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.