Италијанската компанија „Фиат“ официјално потврди дека новата генерација на моделот 500 ќе има светска премиера на 4 јули.
Малиот градски автомобил од Фиат со ретро изглед, најверојатно ќе ги задржи препознатливите линии, а мали измени се очекуваат на браниците и светлосните групи.
Во внатрешноста се очекуваат ситни измени како редизајнирани отвори за вентулација, дополнителни бои и нов инфотејнмент систем.
Италијанската компанија не откри повеќе детали за новата генерација на Фиат 500. Фиат потсети дека 4 јули е битен датум во историјата на компанијата, бидејќи на тој ден 1957 година брендот е претставен за првпат во јавноста.